Им се ближи крајот на летните температури: Еве кога не очекува дожд и невреме

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе се зголеми облачноста и во јужните делови од земјата ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 22 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во петок времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено на југот и на запад од земјата.
За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло, а од недела попладне до вторник повторно во попладневните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Од почетокот на наредната недела се очекува зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање.
Минималната температура во понеделник ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 15 до 23 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Српска водителка станала предмет на шеги и исмејување поради она во што се појавила во емисијата во живо

СРПСКАТА водителка Јована Јеремиќ се појави во утринската програма во живо во необична комбинација на …