George Michael: Freedom

(ВИДЕО+ФОТО) Трогателен документарец за Џорџ Мајкл

Филмот освен што е хронологија на патувањето на Мајкл до сериозен музичар награден со Греми, со нескриена искреност раскажува за маките на пејачот.

Искрен и потресен портрет за проблематичен гениј – така британски „Телеграф“ го почнува текстот за документарниот филм на Џорџ Мајкл насловен „Слобода“ што се емитуваше премиерно на 16. октомври на „Канал 4“. Името на документарецот е според неговиот хит „Freedom“ (Слобода).
Документарниот филм беше работен од самиот легендарен пејач, кој ги правеше финалните работи на проектот кога почина на Божиќ минатата година. Имаше 53 години.

Филмот започнува со Адел како пее трогателна верзија на „Fast love“ – песна што таа ја изведе на доделувањето на наградите Греми. Во филмот се прикажани пријатели на Џорџ Мајкл, како на пример Елтон Џон и Кејт Мос, кои во филмот говорат за пејачот.
Филмот освен што е хронологија на патувањето на Мајкл до сериозен музичар награден со Греми, во него со нескриена искреност се раскажуваат и маките на пејачот од смртта на неговата прва љубов поврзана со болеста сида, Анселмо Фелепа, преку неговата тужба против музичката компанија „Сони“, до неговата депресија и борбата со славата.
Во документарецот неговите соработници говорат за него во сегашно време, што значи дека сè уште бил жив додека снимале.
„Џорџ е еден од најљубезните, најоригинални луѓе што ги имам запознаено во мојот живот“ изјавува Елтон Џон, додека Рики Џервејс, шегувајќи се за апсењето на Мајкл за сексуален чин во јавен тоалет во Беверли Хилс во 1998 година, го нарекува „омилен пејач осуденик“.
Мајкл беше корежисер и филмот требаше да биде автобиографски портрет за него и неговата кариера, но по неговата смрт тој стана нешто многу помоќно и потресно истовремено.
Пејачот во него е прикажан како се присетува на загубата на неговата прва љубов Анселмо Фелепа. Покојниот хитмејкер во документарецот признал дека тој никогаш не ја преболел смртта на неговиот партнер што почина во 1993 година. Ѕвездата открила колку тоа било трагично за него.
„Долго време сè ми беше заматено. Поради тоа сè уште, по 23 години, ми навираат солзи во очите… Тој беше мој спасител. Се’ уште е многу тешко да се објасни како тоа што најдов друштво во тој период од животот ме промени. Тој беше прекрасно друштво, беше неверојатна личност“ коментира пејачот во филмот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЧУДО ВО ГАЗА: Петмесечно палестинско момче извлечено ЖИВО под урнатините на трикатница – неговото семејство настрадало во израелскиот напад

Петмесечно дете било спасено од урнатините на зградата погодена од израелски ракети во бегалски камп …