(ФОТО) Ги има само четири: Плажи кои се природно прекриени со зелен песок

На целиот свет има само четири плажи кои се прекриени со зелен песок.
На различни краеви на нашата планета ретки плажи се прекриени со природен зелен песок кој содржи кристални честички кои се нарекуваат оливин – тежок зелен силикат кој водата тешко го мие. Станува збор за еден од најчестите минерали на Земјата, а пронајден е и на Месечината и на Марс.
Белите песочни плажи е лесно да се најдат, но овие четири бараат и пружаат поинакво искуство.

Папаколеа, Хаваи
Оваа зелена плажа во обликот на отворен прстен, до која води многу стрм пат, со песок „ја снабдува“ вулканот стар 49.000 години. Константната ерозија на вулканот осигурува постојан доток на зелен песок, а кога вулканот ќе престане со активностите, после некое време Папаколеа ќе изгледа како и секоја друга плажа на светот.

Талафофо, Гвам
Оливинот е одговорен за бојата на ова плажа на пацифичкиот остров. Посетителите можат да забележат дека зелениот песок е јасно видлив во идеални временски услови. Тој често се акумулира на наслагите на потемниот заматен песок.

Пунта Корморант, Еквадор

Островите Галапагос се од најизолираните и најпосебните дестинации. Островите кои ги формирале вулкани настануваат од ендемички вид кои не можат да се најдат во други делови на светот. Необичната плажа со зелена боја се наоѓа на островот Флореан. Со оливин кристалите ја снабдува блискиот вулкан, на посетителите им е интересна и поради морските желки, пишува Travel Leisure.

Хорниндалсватнет, Норвешка
На ладниот север на Норвешка се наоѓа најзелениот песок во Европа. Формирано со главијалните процеси пред повеќе илјади години, ова езеро е исполнето со зелени минерални наслаги.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Брз и едноставен колач: Вкусни посни коцки!

Постите уште траат а денес ви предлагаме еден посен десерт: Потребно ви е чаша за …