(ФОТО) Каква недела за Меси: Фудбалерот објавил дека очекува принова во семејство!

Лионел Меси имаше фантастична недела во која успеа да ја спаси Аргентина и со хет-трик против Еквадор и да ја донесе до Светското првенство во Русија во 2018, а сега неделата ја заврши со одлична вест – со сопругата Антонела Рокуцо го очекуваат своето трето дете.
Двојката веќе има два сина, Матео и Тијаго, и прашањето е дали сега конечно ќе добијат девојче. Антонела Рокуцо ја објавила веста на „Инстаграм“ со одлична фотографија на која нејзините момчиња го допираат стомакот додавајќи „семејство од пет“.
И главниот ривал на ѕвездата на Барселона, Кристијано Роналдо, исто така очекува принова во семејството – неговата девојка Георгина Родригез го очекува четвртото дете на Роналдо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …