(ВИДЕО) Рецепт на денот: Лесен и едноставен ручек

Овој видео рецепт е прегледан повеќе од 41. милиони пати, а тоа значи дека влегува во врвот на најпопуларните рецепти на светот.
Потребни ви се: компири, путер, јајца, брашно, масло, шунка, кашкавал, сол и црн пипер.
Подготовка:компирот добро ќе го измиете и ќе го сварите со кора. Исчистете го и додајте путер, јајца, сол и малку црн пипер па потоа добро изматете да се соедини смесата. За смесата да се згусне додадете брашно па замесете го цврсто тестото.
Додајте уште брашно, ако тестото ви се лепи за рацете.
Потоа во загреана тавче ставете малку масло па половина од тестото растргнете го на дното на плехот. Преку тестото наредете шунка и кашкавал, па одозгора ставете го другиот дел од тестото.
Оставете да се пржи на рингла три до четири минути, а потоа свртете го од другата страна и допржете го додека не зацрвени.

Видеото можете да го погледнете тука:

La golosa schiacciata di patate, un piatto unico che accontent…

Scopri la RICETTA della schiacciata di patate, clicca qui —> http://bit.ly/schiacciata-di-patate

Posted by Gnam Gnam on Samstag, 14. Mai 2016

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Брз и едноставен колач: Вкусни посни коцки!

Постите уште траат а денес ви предлагаме еден посен десерт: Потребно ви е чаша за …