(ВИДЕО+ФОТО) „Ми ја силуваа жената, роди три пати. Ни ја убија ќерката…“

Џошуа Бојл и Кејтлин Колеман од САД, односно Канада, и нивните деца од 2012. година од страна на мрежата грабнувачи „Хагни“ биле држени како заложници во Пакистан. Во четвртокот успеале да ги ослободат.
Канаѓанинот Џошуа Бојл кого го ослободиле заедно со неговото семејство после пет години заробеништво во Пакистан рекол дека талибаните го убиле неговото дете и ја силувале жена му.
Бојс кој со сопругата и трите деца слетал во Торонто на новинарите им рекол дека грабнувачите посегнале по такви потези откако тој „неколку пати ја одбил нивната понуда“ пишува CNN.


Бојл, неговата сопруга Кејтлин Колеман и трите деца се ослободени во
четвртокот во акција на пакистанските сили. Во заложништво ги држела мрежата
грабнувачи „Хагани“ и тоа од 2012. година. Додека биле во заточеништво на
двојката и се родиле три деца.

Кејтлин Колман била трудна кога ги грабнале, па таму останала бремена уште два пати. За смртта на детето не зборувале многу, само кажале дека грабнувачите „се одговорни за смртта на нивната малечка ќерка“.

Бојл рекол дека жената му ја силувал член на обезбедувањето на кој му помагале претпоставените. Тој ги повикал тамошните власти да го изведат пред судот на правдата.
„Ниту малку не и дозволувам на брутална група криминалци да ја диктираат иднината и развитокот на моето семејство или моето семество да ослабне на некој начин“ рекол Бојс.
Тој вели дека во Авганистан и помагал на најзгрозената група луѓе, оние кои живееле длабоко во селата под талибанска контрола каде тамошната влада не успеала да даде соодветна помош.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …