Тепачка за време на гласањето: Еве ги деталите

Во Основото училиште „Петар Здравковски- Пенко“ во скопската општина Бутел денеска околу 10 часот се случила тепачка помеѓу две лица, за време на гласањето.

-Во момент на напуштање на училишниот двор дошло до нарушување на јавен ред и мир помеѓу 32- годишниот Г.Н. и 48- годишниот Г.Т. поради претходна расправија и несогласувања. Интервенирала и полицијата, велат од МВР за КУРИР.

Потоа, гласањето во училиштето продолжило нормално.

Инаку, училиштето се наоѓа меѓу општините Бутел и Чаир и таму гласаат жителите од двете општини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОКТА доби признание за општествена одговорност за еко проект за прочистување нафтен талог со помош на растенија

Проектот на ОКТА за фиторемедијација, односно прочистување на нафтен талог со помош на растенија, доби …