Надал и Федерер во финалето на Шангај

Рафаел Надал ќе игра за неверојатна седма титула во 2017. година, откако во полуфиналето на Мастерсот во Шангај со 7:5,7:6(3) го победи Хрватот, Марин Чилиќ.За Надал тоа ќе биде 10. финале во сезоната.
Негов противник во финалето ќе биде вечниот ривал Роџер Федерер кој во три сета го совлада Хуан Мартин дел Потро, кој со повреда на зглобот влезе во второто полуфинале, со 2:1 во сетови – 3:6, 6:3,6:3.


За Чилиќ утеха е тоа што и покрај поразот од понеделник ќе биде на четвртото место на АТП листата, негов најдобар пласман во кариерата.
Швајцарецот и Шпанецот ќе играт по 38. пат, а моментално подобар е Надал кој има 23. победи. Финалниот меч од Шангај можете да го следите во директен пренос на Спорт клуб 1 од 10:30 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зимата полека освојува: Еве какво време не очекува наредните 5. дена!

Во понеделник ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места …