(ВИДЕО) Луѓето се онесвестуваат поради сцена во новиот филм според роман на Стивен Кинг

Нетфликс го адаптирал романот „Играта на Џералд“ на Стивен Кинг, а поради обилието насилство во филмот некои гледачи  се онесвестувале.
Играта на Џералд е приказна за она што се случува кога експериментирањето со секс ќе отиде во погрешен правец.Во книгата и во филмот главниот лик Џеси Барлингам, со лисици е врзана за кревет во колиба далеку до градот. Погледнете го трејлерот:

Откако нејзиниот сопруг, кој ја врзал во текот на сексуални игрички, ненадејно умира, Џеси користи делови од стакло за да ја одере кожата и д се ослободи од лисиците, што на многумина им било премногу.
Режисерот на филмот, Мајк Фланаган, за Slash Film, рекол дека со звук ја направил сцената упте повеќе неподнослива.
„Дури и кога би гледал во друг правец за време на снимањето и едитирањето, не можете да избегате од тонот“ изјавил тој. НО, признал и дека „желудникот му се превртел“ кога првпат ја читал книгата и смета дека Кинг во визуелните описи отишол подлеку отколку тој во филмот.
Како и да е, во текот на проекцијата на филмот на „Фантастик Фест“ еден од гледачите од страв и непријатност се онесвестил а некои слично признале на Твитер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …