(ФОТО) Признала дека со години е на лекови: Лепа Брена во документарец открива за што долго молчела!

Овие денови ќе биде снимен документарен филм кој ќе се бави со животот и кариерата на Лепа Брена, а пејачката во една тв емисија открила детали од новиот проект.
„Оваа година правиме документарен филм со наслов ’Не давај да те крадат од мене’. Филмот ќе ја прикаже мојата кариера од 1982. до 1991 година. Документарецот ќе открие и работи кои не се знаат за мене“ рекла Лепа Брена.
Пејачката додала дека со години наназад имала низа сериозни здравствени проблеми, но дека сега се чувствува добро.
„Скршив рака и имав операција. Имав прекрасни доктори кои ме извлекоа од кризата. После шест месеци повторно паднав и го скршив лактот, и’ повторно бев на операција. Тогаш не заплакав. Одлучив повеќе да се грижам за себе. Јас сум хиперактивна и мозокот ми работи сто на саат.Одлучив малку да успорам. Имам и тромбоза. Тоа е под потполна контрола. Јас сум жена оптимист, сакам да го живеам животот и да не размислувам за проблемите.Тромбозата бара потполно понаков начин на живот, поинаков начин на исхрана, кои јас потполно ги променив. Тоа изискува умерена физичка активности, да не се заморувате, да не бидете во прегреани простории…но не е лошо ниту да се пие алкохол…Виното е добро против згрутчување на крвта…“ рекла пејачката со насмевка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …