(ФОТО) Софија Рајовиќ: Пробајте ја мојата супер диета – 8. до 12. кг. за еден месец

Таа е убава и атрактивна. Единствена мана и е што често мака мачи со килограмите. Зошто? Затоа што покрај глумата сака слатки. За среќа, пронашла диета која „може да ја преживее“. Доста е едноставна. Трае еден месец и суштината е да не се мешаат скроб, јаглени хидрати и протеини, а има четири правила.

Првиот ден се јаде само овошје, вториот месо и риба, третиот зеленчук, а четвртиот тестенини.
„Тие четири дена се менуваат, во секој можете неограничено да ги јадете продуктите кои се наведени. Секако, тоа не значи дека треба да претерувате. Нема да верувате со која брзина телотоќе ви се менува од дваесеттиот до триесеттиот ден на диетата. Само издржете“ вели глумицата која штом претера со своите слатки задоволства веднаш се враќа на диетата.

Прв ден – Само овошје
Дозволено е сето овошје освен банани. Смеете да јадете дури и костенливо како ореви, бадеми, лешници… За појадок во блендер измешајте неколку видови овошје, за ручек направете овошна салата или ако сте во брзање изедете две јаболки. Исто така во рерна можете да испечете јаболки или круши, секако, без никакви зачини.
Втор ден – Навалете на месо и риба
Одбегнувјте свинско и јагнешко. Освен тоа, најдобро е месото или рибата да бидат подготвени на скара или да ги јадете варени.Не претерувајте со сол бидејќи таа ја врзува водата. Најдобра сол за диета е калиумовата.

Трет ден – Време е за зеленчук
Ова е најтежок ден. Не се дозволени мешунки (грашок, боранија, пченка…) ниту печурки. Можете да јадете варена брокула, карфиол, модар патлиџан печен на скара и разни салати.Секако, и се’ да зачинувате со маслиново масло.

Четврти ден – Уживајте во тестенината
Во овој ден се дозволени шпагети или тесто за пица. Единствен прилог кој се користи е сос од домати или кечап. Препорака на глумицата е да купите тесто за пица, да го испечете во рерна или микробранова, од страна да ставите кечап, во некој сад, и да го натопувате тестото. Ако кечапот го намачкате на тестото и потоа го испечете тестото ќе го впие и нема да биде толку вкусно.

Резултатите од диетата се доста индивидуални, но глумицата наведува дека многу едноставно се губат од 8 до 12 килограми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …