(ФОТО) Кои продукти треба да ги миете а кои не пред консумирање

Навиките за миење одредени продукти, пред користење, е индивидулно и некко спонтано. Поради тоа ви донесуваме информација што да миете а што не пред користење.
Малкумина знаат дека некои производи не само што не треба да се мијат
пред да ги консумираме, туку миењето предизвикува штета и ширење на бактерии.
За да не правите грешки во иднина, прочитајте кои пет производи не треба, а кои треба да ги миете пред да ги консумирате:

НЕ ТРЕБА ДА МИЕТЕ
Јајца
Пред да се пуштат во продажба, јајцата поминуваат низ процедура на „премачкување“ со заштитна обвивка за да микроорганизмите не може да навлезат во лушпата. Потоа, се мијат, оваа обвивка се отстранува и се става друга тенка обвивка направена од минерали безбедни за здравјето на човекот. На крај, се пуштаат во продажба.
Не е потребно дополнително миење бидејќи ќе се отстрани тенката заштитнаобвивка.


Свежо пилешко месо

Бактериите на свежото пилешко месо се многу опасни за нашето здравје, а најпозната меѓу нив е салмонелата. Миењето на пилешкото со вода пред да го зготвите не ги отстранува овие бактерии, туку тие преминуваат во мијалникот или на вашите раце.
Познатите светски готвачи советуваат двапати да го сварите пилешкото. Откако ќе го сварите првиот пат, променете ја водата и продолжете да го готвите пилешкото со нова вода. Така сите бактерии ќе исчезнат.


Месо
Исто како пилешкото, и другите видови на свежо месо не треба да ги миете бидејќи бактериите може да се распространат насекаде. Пред да го подготвите,течноста од месото впијте ја со хартиена крпа или салфетки. Потоа, измијте ги рацете со сапун и топла вода и продолжете со готвење.

Тестенини
Не е познато од каде излезе теоријата дека треба да ги миете тестенините пред да ги подготвите. Водата го отстранува скробот и им го менува вкусот на тестенините.
Можете да ги измиете откако ќе ги сварите ако планирате да правите салата со тестенини. Ако планирате да ги јадете со некој сос, само процедете ги, нема потреба да ги плакнете со вода.

Печурки
Не треба долго да ги држите печурките потопени во вода. Тие имаат голема моќ на апсорбирање. Добро исушете ги со хартиена крпа, а ова правете го само пред готвење на печурките.

ТРЕБА ДА МИЕТЕ
Овошје и зеленчук со лушпа што може да се јаде
Ако лушпата на овошјето и зеленчукот е сјајна кога ја купувате, тоа не значи дека не треба да се мие дома. Свежото овошје и зеленчук треба секогаш да го миете, без исклучок, и тоа само со вода. Потоа избришете ги со хартиена крпа.

Конзервирана храна
Бактериите не можат да навлезат во храната благодарение на капачето, но морате да ја измиете конзервата од надвор пред да ја отворите бидејќи постои ризик да навлезат бактерии ако не го направите тоа.

Овошје и зеленчук со лушпа што не се јаде
Без разлика колку добро ги миеме овие производи, бактериите од лушпата сепак можат да навлезат во делот од овошјето или зеленчукот што се јаде.
Затоа, треба да ги миете и бананите, дињите, лубениците и други овошја и зеленчук со лушпа што не се јаде.

Јаткасти плодови
Секогаш мијте ги јаткастите плодови како бадеми или ореви. Никогаш не можете да знаете каде биле чувани и како биле пренесени. Водата ја отстранува и фитинската киселина која ја има во сировите јаткасти плодови.
Таа служи да го заштити растението од штетни организми, но може да предизвика проблеми со здравјето на човекот.

Суво овошје
Овие производи се сметаат за едни од највалканите, а ова посебно важи за оние кои се продаваат на мерење. Но, и оние кои се ставени во ќеса или кутија треба да се измијат пред јадење, а најдобро е да ги оставите да отстојат во вода неколку часа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откријте дали сте хипохондрик? Неколку знаци дека имате психичко пореметување!

Хипохондријата е  психичко пореметување кое се манифестира во постојано фокусирање на личноста на своето физичко …