(ВИДЕО+ФОТО) ФОРМУЛА 1: Хамилтон победник на „Сузука“ за Ферари продолжуваат проблемите

Луис Хамилтон победи на ГН на Јапонија, и со тоа креираше 59. бодови предност на врвот во генералниот пласман откако Себастијан Фетел доживеа нов пех

Проблемите на Ферари од Сингапур и Малезија продолжија и во Сузука, па Себастијан Фетел доживеа нов пех и мораше да се откаже по само неколку круга.
Луис Хамилтон одново ја искористи укажаната шанса, и со победа во Јапонија креираше 59. бода предност на табелата и се наоѓа на чекор до нова титула.



Триумфот на Британецот не беше доведен под знак прашалник во ниту еден момент, тој водеше од првиот до последниот круг.

Втор низ целта мина Макс Верстапен, а последното место на пиедесталот му припадна на Даниел Рикиардо.
Потоа следуваа двајцата Финци, Валтери Ботас и Кими Раиконен, а во бодови уште завршија и Окон, Перез, Магнусен, Грожан и Маса.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Простување на Надал со тенисот? Мадрид или Ролан Гарос“

Тони Надал, вујкото на Рафаел Надал изјавил дека повеќе не се осмелува да го советува …