(ФОТО) Утрински лепчиња

Лепчињава се неизоставни на германските трпези посебно за неделниот појадок. Со мека внатрешност, а тенка крцкава кора…највкусни се кога се топли.
Состојки:
500 г. брашно
1 коцка свеж квасец (или 14 гр. сув квасец)
1 лажичка шеќер
1 полна лажичка сол
80 г. истопен путер
250-300 мл. млака вода
За премачкување
1 белка
2 лажици вода
Подготовка: брашното ставете го во длабок сад и направете вдлабнатина во. Изронете го квасецот внатре, додајте шеќер и ставете малку млака вода. Промешајте, и покријте со крпа па оставете така додека квасецот да надојде.
Додадете ги солта, путерот и остатокот од водата и замесете средно меко тесто кое нема да се лепи за рацете. Тестото месете го околу 10 мин. Оставете убаво да стаса (отприлика 1 час).
Откако ќе стаса, поделете го на 15 топчиња. Секое топче е добро да тежи околу 60.ттина грама. Ако сакате поголеми лепчиња, нека тежат по 90.ттина грама.
Секое топче оформете го во овална форма и ставајте во плех на хартија за печење. Одозгора засечете ги со остар нож, покријте со крпа и оставете да стасаат.

Рерната вклучете ја на 200 степени да се загрева и најдолу ставете еден огноотпорен сад со вода. Кога лепчињата ќе стасаат, а за тоа време рерната се загреала и водата во неа зоврела, премачкајте ги со белка во која сте додале малку вода.
Се печат 20.ттина минути на 200 и околу 4-5 минути на 225 степени колку да заруменат. Внимавајте, за цело време додека се печат, во садот да има доволно вода која врие.

Напомена: тестото можете да го подготвите од вечер. Постапката е се иста, само измесеното тесто се става во длабок сад, покриен со прозирна фолија и се става во фрижидер до наредното утро. Тоа ќе си нарасни, и наутро само оформете ги лепчињата, засечете, нека стасуваат, премачкајте со белка и вода и ставете да се печат.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …