(ФОТО) Гриз колач

Потребно е:
Кора:
7 белки
5 жолчки
10 лажици шечер
6 лажици вода
3 лажици какао
7 лажици брашно
Фил:
500 мл. млеко
200 г. гриз
2 жолчки
250 г. маргарин
250 г. шеќер во прав
4 кесички ванилин шеќер
Глазура:
100 г. чоколадо (црно)
100 г. маргарин или путер
Подготовка: кора: со миксер убави изматете ги белките. Посебно изматете ги жолчките со шеќерот, додајте вода, какао, брашно и убаво измешајте. Полека додавајте ги изматените белки. Тестото истурете го во тава (по желба) покриена со хартија за печење и ставете во рерна загреана на 200 степени. Испечете.
Фил: измешајте го гризот со жолчките и малку млеко, а остатокот од млекото ставете го да се загрева. Кога млекото ќе зоврие додајте ја смесата со гризот,и ванилините шеќери и сварете густ крем. Префрлете во соодветен сад, покријте со прозирна фолија и оставете да се излади.
Маргаринот изматете го пенесто со шеќерот во прав. Продолжете го матењето и додавајте една по една лажица до ладниот крем.
На изладеното тесто, кое сте го извадиле од тавата и сте ја отстраниле хартијата нанесете го кремот. Префрлете во фрижидер, да се стегне.
Пото колачот полијте го со чоколадната глазура – на ниска темпертура топете ги чоколадото и маргаринот. Кога смесата ќе стане хомогена тргнете ја на страна и изладете со постојано мешање, па истурете врз кремот. Колачот до служење префрлете го во фрижидер.
Напомена: наместо хартија за печење тавата намачкајте ја со масло, наросете со брашно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …