(ФОТО) Едноставни италијански правила за совршени тестенини

Тестенините се едно од најомилените јадења ширум светот. Поголемиот дел од нас барем еднаш неделно ужива во тестенини, а начините на кои ги подготвуваме се различни.
Но, доколку сакате секој пат да направите најдобри тестенини, тогаш ви советуваме да се придржувате кон следните петнаесет правила на најголемите мајстори за подготовка на тестенини – Италијанките.
1. Тестенините секогаш гответе ги со чили. Не премногу луто, бидејќи тоа би го уништило јадењето, но доволно интензивно за да го зајакне вкусот на тестенините.
2. Кога подготвувате тестенини со шкампи, сварете ги тестенините во водата во која сте ги вареле шкампите, за подобар вкус.
3. Доколку готвите со вино, користете го истото вино кое ќе го пиете во текот на оброкот.
4. Не претерувајте со сосот бидејќи во текот на јадењето треба да уживате и во вкусот на самите тестенини.
5. Испробајте различни облици на тестенини. Постојат околу 500 видови на тестенини само во Италија и веројатно уште неколку стотици ширум светот – тоа е повеќе од доволен избор за експериментирање во текот на готвењето.
6. Доколку сакате да готвите тестенини како што тоа го прават Италијанките, тогаш водата треба да врие од една до пет минути, не повеќе.
7. Доколку готвите јадење со запечени тестенини, секогаш печете така што сјајната страна на алуминиумската фолија е свртена надолу.
8. Кога топите путер, тргнете го од оган додека се’ уште се топи за да не загори.
9. Кога готвите тестенини со зеленчук, исечкајте го зеленчукот на мали парчиња со иста големина со цел рамномерно да се испржат.
10. Додадете сол во водата во која се готват тестенините, но не премногу. Препорачаната количина е десет грама на три литри вода.
11. Кога на јадењето му додавате лимон, исцедете го така што месото од лимонот е свртено спрема дланката за да ги задржите семките.
12. Одбегнувајте да додавате лук во тестенините. Тој е неопходен во јадењето само доколку мирисот и вкусот на кромидот кој го користите не е доволно силен.
13. Во водата во која се варат тестенините додајте неколку шери домати. Исечете ги со нож на половина и ставете ги во водата. Тие на тестенините ќе им дадат побогат вкус.
14. Доколку тестенините се изладат додека го подготвувате јадењето, нема потреба повторно да ги греете – само полејте ги со врела вода.
15. При варењето, можете да додадете маслиново масло, но и не морате. Маслиновото масло им дава друг вкус на тестенините, па затоа употребувајте го само кога сте подготвени за експериментирање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …