(ВИДЕО) Навивач втрчал на тревникот на Вембли и добил овации:„Носете го на СП,тој е играч на натпреварот“

Англиските фудбалери со победата над Словенија на Вембли со 1:0,се пласирале на Светското првенство, но неизвесноста траела се’ до 94. минута кога Хари Кејн уште еднаш станал херој и постигнал гол за три бода.
Играчите потрчале кон трибините да го прослават голот, но ги изненадил погледот на празните места за седење бидејќи навивачите го напуштиле Вембли пред крајот на 90. минути разочарани со лошата игра на своите миленици.
И’ навивачите и британските медиуми се согласуваат дека највозбудлив момент на натпреварот, до голот на Кејн, било истрчувањето на навивач на тревникот во 88. минута.

Навивачот влетал на теренот, се затрчал кон центарот, направил круг по словенечката половина, а потоа го совладале редарите.
На социјалните мрежи веднаш бил прогласен за играч на натпреварот.
„Надобар играч вечерва, водете го на СП“, „Блазе си му, нема да смее на следните три натпревари на англиската репрезентација“, „Тоа беше најдобар спринт по словенечката половина цела вечер“, пишувале разочараните навивачи.
Некои, со право, го нарекле херој бидејќи, да не било неговото втрчувње во теренот, ниту судијта не би го продолжил мечот за 4. минути, а токму толку им требало на Англичаните конечно да „ја скршат“ цврстата Словенија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …