(ФОТО) „Макфест 2017“: Многу познати ноти но и извонредни композиции!

Годинава традиционално, во првиот викенд во октомври, започна годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2017“.
Годинава за разлика од претходните, изведувачите пееа на матрици, а изостана оркестарот во живо. Како домаќин на сцената кој ја водеше програмата се појави водителот Димитар Атанасовски кој не е првпат во оваа улога, но сепак не се снајде најдобро – не може на се да се гледа од призма на шега,сепак е тоа сериозен фестивал.А, би било добро и тоа папката да не ја носи со себе, туку да научи на памет неколку реченици…
На сцената од првата полуфинална вечер беа претставени вкупно 14. композиции, како на домашни познати пејачи, дебитанти, но и гости од странство.


По гласањето, песната „Од утро до вечер“ на штипскиот пејач и претходен победник на фестивалот, Зоран Илиев заедно со српската пејачка Анабела Атијас, достигна на првото место и пласман во финалната вечер со освоени 21. поен.
Зад нив, односно на втората позиција се најде Огнен Здравковски а трет беше Александар Тарабунов со извонредната песна „Ако заминеш“. Како ќе финишира фестивалот и во чии раце ќе заминат наградите, останува да видиме.Дотогаш погледнете го списокот на вечерашните учесници со тоа што, организаторите и после неколку месеци,не го избришале иметот на Ана Костовска која нема да настапи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Актерката чии родители се смрзнале во куќата открила: „Не ме пуштија да влезам дома 10. години, се молев и плачев“

Актерката Алиша Вит проговорила за шокантната смрт на нејзините родители, кои пред еден месец беа …