Вечерва започнува „Мафест 2017“ – со зголемени награди и непознати учесници!

Пет илјади евра за првопласираниот, по четири и три за второ и трето место!
Со кревањето на фестивалското знаме, денеска започнува 32-то издание на единствениот фестивал на забавна музика “Макфест“.За прв пат ќе бидат отпеани 30 композиции, од македонски и автори и изведувачи од странство.Две полуфинални вечери и едно финале.А до финале и за финале ќе одлучуваат гласовите од телевоутингот, но и гласовите на публиката во сала.Организаторите по неколкугодишните експерименти со системот за гласање, одлуката и одговорноста за пласманот до финале, но и за наградите ја препуштаа на публиката покрај ТВ екраните и на публиката во сала.Наградите за орвите три позиции од публиката се 5.000, 4.000 и 3.000 евра.
Вечерва стартува 32. издание на фестивалот “Макфест” кој традиционално се одржува секоја година во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип.
Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев одлучи паричниот фонд за награди за годинашниов “Макфест 2017” да биде повисок од оној кој со анекс им го понудило Министерството за култура. Ова вчера го соопштија претставниците на организацискиот одбор на фестивалот за забавна музика кој ќе стартува вечерва, а ќе трае до сабота кога е и финалето.
Градоначалникот на Штип донесе одлука паричниот фонд да биде на средина, значи ниту по предлог на Министерството, ниту по претходниот преддоговор. Првата награда е во вредност од пет илјади евра, втората четири, а третата од три илјади евра. Останатите награди како што се дебитант или сценски настап остануваат во вредност од по петстотини евра, информираше Драган Ристов од прес-центарот на фестивалот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Актерката чии родители се смрзнале во куќата открила: „Не ме пуштија да влезам дома 10. години, се молев и плачев“

Актерката Алиша Вит проговорила за шокантната смрт на нејзините родители, кои пред еден месец беа …