Тренерот на Рафел Надал напоменува: “Не го погребувајте Ѓоковиќ толку рано, тоа би била сериозна грешка!”

Тренерот на најдобриот тенисер на светот, Карлос Моја, во интервју за шпанските медиуми напоменал дека големите тенисери никогаш не треба да се занемарат.
Тренерот на Рафаел Надал, Карлос Моја, смета дека сите прават голема грешка што го занемариле Новак Ѓоковиќ поради повреда, истото како што го направиле пред неколку години со Роџер Федерер, кој се врати во голем стил и покажа дека се’ уште не е за “фрлање”.
Надал и Федерер повеќе пати се здобиле со повреди, па поради тоа јавноста веднаш ги отпишала и речиси никој не верувал дека тие повторно ќе бидат на врвот на ATП листата.
Сега иста е ситуацијата и со Новак Ѓоковиќ кој направи пауза поради повреда на лактот.
“Луѓето кои се вклучени во тенисот, играчите и тренерите, сите стручњаци, никогаш не би погребале некој како Надал, Федерер и Ѓоковиќ, никогаш. Тоа би била сериозна грешка, би било навистина смешно”, вели Моја за шпанските медиуми.
Постојат луѓе кои велат дека Новак ќе нема да може да доминира после повредата.
“Тоа е сериозна грешка. Мислам дека никој во светот на тенисот, а не зборувам за новинари и навивачи, туку за луѓе кои цел живот се во овој спорт, не го мислат тоа. Мислам дека би било многу тешко да пронајдеме некој таков меѓу нас кој би погребало големи спортисти како што се тие”, вели шпанскиот тренер кој своеврмеено владеше со тениските терени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Добрите ефекти на лебот на организмот

Многу луѓе избегнуваат конзумирање леб, но изборот на правилен тип може да има позитивни ефекти …