Се снима филм за Хју Хефнер – еве кој ќе го отелотвори

Хју Хефнер починал пред само една недела, а веќе е најавено снимање на филм за неговиот живот.Ќе го режира Брет Ратнер, а легендарниот шеф на Плејбој ќе го отелотвори Џаред Лето.
Ратнер веќе десет години се премислувал за снимањето филм за Хју Хефнер.
„Џаред е стар пријател. Кога слушнал дека имам право на приказната на Хеф ми рече дека тој би сакал да го игра бидејќи го разбира. А, јас навистина мислам дека тој може. Тој е еден од големите глумци на денешницата“ рекол Ратнер за Hollywood Reporter.
Хефнер е роден во 1926. година во Чикаго, во религиозно семејство. Бил интелигентно дете со наводен IQ од 152,но учителите го нарекле „неентузијастичен“. Неговиот подоцнежен живот е филмски, а како во таа улога ќе се снајде Џаред Лето останува да се види.
Во меѓувреме Лето можеме да го гледаме во филмот „Blade Runner 2049″ кој наскоро доаѓа во кината, каде го игра Ниандер Волис – слеп и манипулативен произведувач на репликанти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неповторливиот Божо Вреќо во ноември доаѓа во Скопје, картите пуштени во продажба

Лирскиот тенор со ангелски глас што преку звук ги отсликува најдлабоките емоции, Божо Вреќо, на …