Монте торта

Преубава кремаста и сочна торта, комбинација од повеке торти, која на крај го добила името Монте торта.
Состојки:
Пандишпан:
10 белки
10 лажици шеќер
100 г. мелени ореви
7 лажици брашно
1 пециво
Фил
500 мл. млеко
10 лажици шеќер
7 лажици брашно
10 жолчки
200 г. црно чоколадо
200 г. бело чоколадо
200 г. маргарин
100 г. шеќер во прав
Подготовка: пандишпан: се матат белките со шеќерот и откако ќе се добие цврст снег се додаваат мелените ореви, брашното и пецивото и се меша со лажица. Се истура, смесата, во намрсен плех и се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.
Во меѓувреме се подготвува филот. 400 мл. млеко се става на оган да се загрее. На страна жолчките се матат со 7 лажици брашно, 100 мл. млеко и 10 лажици шеќер. Откако ќе зоврие млекото се додаваат жолчките и се вари густ крем. Се остава убаво да се излади. Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава во кремот од жолчки.
Добиениот фил се дели на 2 дела. Во едниот се додава 200 г. стопено црно чоколадо, а во другиот 200 г. стопено бело чоколадо и филовите повторно се матат со миксер да се изедначи смесата.
Пандишпанот се сечи на 3 ленти, се филува со белиот фил, пандишпан, па со другиот фил. Се остава неколку часа убаво да се зацврсти пред да се сечи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Што е ПЛФ формуларот, кој го бараат за влегување во Грција, и како се пополнува!

Ако ваша деестинација за оваа пролет и лето е Грција, она што ви треба со …