(ВИДЕО) Нема да ја препознаете: Тијана со фантастичен настап на ТЛЗП

По неколку месечните најави синоќа и’ официјално стартуваше четвртата сезона на регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“ кое за разлика од останатите шоуа има хуманитарен карактер.

Популарната македонска пејачка Тијана Дапчевиќ синоќа настапи во првата емисијата од четвртата сезона на популарното шоу „Твоето лицe звучи познато“ и тоа во улога на Здравко Чолиќ.
Целосно непрепознатлива, со сменето лице, коса, стајлинг како Чола и секако умешно модифициран вокал, а во имитацијата облечени во розови фустанчиња и се приклучија и Жељко Сашиќ, Скај Виклер, Чипи и Неша Бриџис, кои беа дел од претходната сезона на ТЛЗП.
По настапите на секој од учесниците, следуваше и бодувањето на секој од нив од страна на жирито, а потоа и секој сам гласаше за еден од натпреварувачите каде Тијана доби пет поени од Беби Дол.
Иако не победи, Тијана Дапчевиќ котираше високо на табелата, а со својата импресивна глума, маска и секако глас, веруваме дека во следните изданија ќе го освои чекот од 1.000 евра кој ќе го донира во хуманитарни цели, како и за главната награда.
Ако пропуштивте,еве ја „Главо луда“ во изведба на Тијана:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Методот на Алан Кар со помош на кој милиони луѓе престанале да пушат

„Ако ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач целиот свој живот“, рекол Ален Кар, …