(ВИДЕО+ФОТО) Тошо Малерот се врати од Австралија да гласа: Дали се подготвува нова „К-15“?

Тошо Малерот се врати дома, а на аеродром го пречекал Миле Паника…

Пред неколку години Васко Тодоров се пресели во Австралија, каде што се ожени. Но, македонската јавност оттогаш го очекува неговото враќање и новата средба со Бубо Каров и Бранко Огненовски и можеби (се надеваме) некоја нова „К-15“ серија.


Оваа желба можеби и ќе ни се исполни, бидејќи Тошо се врати во родната земја, а Бранко објави фотографија од неговото пристигнување и веднаш се пошегува „Дијаспората дојде да гласа“.

Останува само уште Цацко да најде време (со оглед на новите ангажмани) и’ повторно да не „приковат“ покрај малите екрани како што тоа и порано го правеа со „К-15“ кога улиците се празнеа при емитување на секоја нова епизода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Методот на Алан Кар со помош на кој милиони луѓе престанале да пушат

„Ако ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач целиот свој живот“, рекол Ален Кар, …