(ФОТО) Местенка или вистина:Адриан Гаџа ја поддржа Каталонија со нова карта на Македонија

Вчера, 01 октомври, 2017, беше денот кога Каталонците тргнаа на гласање, за на референдум да се изјаснат за независност на својата покраина.

Властите во Мадрид поддржани од судските одлуки се обидуваа на секој начин да го спречат гласањето, уптребувајќи сила… на моменти и прекумерна и брутална! Сликите од крвавата недела во Барселона го обиколија светот, а истите ги поделија мислењата: Каталонија – за или против нејзино сепарирање од Шпанија.
Граѓаните на Македонија будно ги следеа случувањата во Шпанија и Каталонија, но ретко кој изнесуваше свои ставови.


Сепак своето размислување за каталонскиот референдум многумина ги изразија и јавно, на социјалните мрежи. Меѓу нив и познати личности, популарни јавни фаци… како пејачот Адријан Гаџа, пример. Или барем така е потпишан (со Гаѓа до душа, а не Гаџа) под постот и фотографијата на профилот…

Е, сега дали некој само го пренел постот на Адриан Гаџа, или пак сето тоа го направил за да ја вознемири јавноста останува да видиме. Сепак, овој профил на Твитер не може да се најде ниту под името Адриан Гаѓа ниту пак со додавката @Mkknezot.

Доколку некој си поиграл со Гаџа би требало да се извини бидејќи невкусно е да си поигрувате со туѓи ставови и да внесувате немири на социјалните мрежи, секако, поради картата на која Македонија е без некои свои делови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Методот на Алан Кар со помош на кој милиони луѓе престанале да пушат

„Ако ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач целиот свој живот“, рекол Ален Кар, …