(ВИДЕО+ФОТО) Инспиративно писмо на една мајка до својата ќерка кое го воодушевило интернет!

“Сакам мојата ќерка да израсне во девојка која ќе биде полна со самодоверба и љубезност, која нема да се плаши да го искаже својот став и ќе работи напорно за да го направи овој свет подобро место за живеење”

Мајка напишала инспиративно писмо посветено на својата ќерка кое носи моќна порака. Истовремено ги мотивира и останатите родители да им бидат голема поддршка на своите деца во текот на нивниот живот.

“Не се извинувај кога некој ќе се судри во тебе. Не вели „извини што знам да бидам здодевна”, ти не си здодевна, ти си личност што размислува и има чувства која заслужува да биде почитувана. Не измислувај причини зошто неможеш да излезеш со момче со кое всушност не сакаш да излезеш. Никому не должиш објаснување”.
Во писмото се наведени разни причини кои, како што пишува нејзината мајка, не треба да ги прави нејзината ќерка. Тоа не се работи со кои таа и’ забранува нешто на својата ќерка, напротив таа сака да ја поттикне својата ќерка да има почит за себе си и да стекне поголема самодоверба.

“Сакам мојата ќерка да израсне во девојка која ќе биде полна со самодоверба и љубезност, која нема да се плаши да го искаже својот став и ќе работи напорно за да го направи овој свет подобро место за живеење” вели мајката Тони Хамер.
Тоа што ја мотивирало Тони да го напише ова писмо е бидејќи нејзината ќерка започна да оди во градинка и не сакала таа да го има истото искуство што го имала Тони.
“Мене многу ме омаловажуваа како дете и мразам на помислата дека и таа може да го помине истото како и јас. Знам дека на некој не му треба многу за да ве направи да се чувствувате помалку од нив и поради тоа сакам таа да се соочи со тоа со поголема самодоверба од мене” пишува вели мајката.
За овој пост добила многу позитивни коментари од луѓе кои се согласуваат со нејзините пораки упатени кон својата ќерка а многу медиуми го пренеле на своите страни.

This mom is empowering her 5-year-old daughter to be unapologe…

This mom wrote a powerful letter to her 5-year-old daughter reminding her to never apologize for being herself 💕

Posted by Cheeky on Samstag, 30. September 2017

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …