(ВИДЕО) Сепак нема да се снима третото продолжување на „Сексот и градот“ а за тоа имало само еден виновник!

„Сексот и градот“, мега популарната серија за четири пријателки кои бараат љубов и успех во Њујорк ја воодушевила публиката ширум светот.
По завршувњето на серијата, снимени се и’ два филма, а беше најавен и трет, но се чини дека обожавателите на овие четири дами сепак ќе останат „со куси ракави“, пишува Daily Mail.
Се’ било подготвено за почетокот на снимањето, но тогаш се случил пресврт.И тоа поради глумицата Ким Катрал која го толкуваше ликот на Саманта.
Ким одлучила улогата која ја прославила да ја стави ниско на листата на приоритети и од продукијата побарала да ги зврши сите проекти на кои моментално работи или нема да ја прифати улогата.
Warner Bros ги одбил нејзините барања и ја стопирал продукцијата на филмот.
„Единствената причина поради која не се снима е Ким Катрал. Сите други се радуваа на снимањето, но Ким бараше внимание и правеше жртва од себе. Имаше дрскост да и каже на управата на Warner Bros дека ќе се појави на сетот само ако завршат сите нејзини проекти. Што мисли таа дека е Џорџ Клуни?“ рекол анонимен извор.
Друг извор исто така негодувал
„Ова улога ја прослави. Да бидеме реални, само по тоа е запамтена. Останатите глумци и екипата се преселија во Њујорк, одбија други работи, ја чекаа неа да даде одговор“ тврди изворот.

Останатите глумици се согласиле на истите хонорари како и во претходните филмови, а Сара Џесика Пркер неодамна тврдела дека нема ништо од снимањето.
„Одлучено е. Нема да работиме. Многу сум разочарана. Подготвивме забавна и интересна приказна. Не ми е жал што нема да ја раскажеме туку поради фановите кои се радуваа на новото продолжување“ им рекла Сара Џесика на медиумите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Факторот на ризик за потешкиот облик на ковид кој сите го забораваме

Физичката неактивност е поврзана со потешка форма на ковид 19 и зголемен ризик од смрт …