(ФОТО) Рецепт на денот: Хроно шпанска пита

Потребно е:
1 црвена пиперка
5 хроно кисели краставички
5 шери домати
4 јајца
1 шоља кисело млеко
1 шоља брашно од хељда
1 шоља пченкарно брашно
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол
2 – 3 лажици семки од тиква
1 лажица псилум
сок од 1 лимон
Подготовка:на малку масло издинстајте ја црвената пиперка исечена на коцки. За тоа време исечкајте ги шери доматите и кисели краставички. Кога пиперката е издинстана, додајте го преостанатиот зеленчук и оставете на страна да се излади.
Во подлабок сад пенесто изматете ги јајцата со малку сол, додајте кисело млеко. Во мокрите состојки вмешајте ги двата вида брашно, сол, сода бикарбона и псилум, Сите состојки соединете ги а потоа вмешајте го исечканиот изладен зеленчук. На крај и сокот од лимон и се уште еднаш измешајте.
Во калап за мафини, претходно намачкани со путер, ставете од смесата до 2/3 во висина. Печете околу 20 – 30 минути во рерна загреана на 200. степени.
Напомена: Доколку сте во период на рестрикција наместо пченкарно користете овесно или брашно од просо, доколку сакате безглутеински проички. Во спротивно користете ’ржано, јачменово или до спелта.
Доколку немате псилму користете лен, 2-3 лажици.
Од оваа смеса се добиваат 15. мафини.
За мерење користен е шоља од 250 мл.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали е поздрав полномрсниот или „лајт“ јогурт

Луѓето често бегаат од млечни производи со маснотии, бидејќи мислат дека предизвикуваат висок холестерол, но …