Неизвесно продолжението на ТВ серијата „Наркос“

Ѕвездата на ТВ серијата на Нетфликс, „Наркос“ Педро Паскал изјавил дека серијата не може да продолжи, се’ додека студиото не овозможи безбедни услови за работа за целата актерска и техничка екипа.
Неговата изјава уследи по смртта на Карлос Муњоз Портал (37), локален менаџер на сетот, кој беше убиен додека во Мексико барал локација за снимање на четвртата сезона од серијата. Тој бил пронајден мртов во автомобил во едно рурално предградие на Мексико Сити.
Точниот мотив на убиството, официјално, се’ уште не е познат, но подрачјето во кое се случило убиството, е познато по високата стапка на криминал. Само минатата година имало 186 нерасветлени убиства.
„Не можеме да снимаме, доколку нашите животи не се безбедни. Ако сакаат да продолжат со снимањето, тоа ќе мора да биде безбедно“, вели Паскал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

11 знаци дека мажот се откажува од вашата врска

Тажната вистина е дека дури и ако сте подготвени да поминете низ хаос само за …