(ФОТО) Рецепт на денот: Ќофтиња од модар патлиџан

Овие ќофтиња можете да ги послужите како главно јадење или предјадење
Состојки
2 средно големи (750 гр) црни патлиџани
100 гр рендан кашкавал
2 лажици пармезан
2 мали јајца
80 гр лебни трошки
2 лажици ситно сецкан магдонос
1 чешне ситно исечкано лукче
по вкус сол и бибер
по потреба масло за пржење и лебни трошки за валкање на ќофтињата
Подготовка: патлиџаните ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути. Потоа извадете ги, завиткајте
во најлон и оставете ги да се изладат.
Излупете ги и раскинете ги на парчиња. Ставете ги во цедалка некое време да се исцеди водата што ја пуштаат.
Ставете ги во сад и изгмечете ги со алатка за пире. Додајте ги сите останати состојки и убаво измешајте ги. Со рака правите ќофтиња, валајте ги во лебни трошки и пржете ги во масло на среден оган. Пржени извадете ги на кујнска салфетка, потоа сервирајте ги и послужете се.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …