(ФОТО) Чоколадни распукани колачиња

Потребно е:
170 г. црно чоколадо
115 г. путер
2 јајца
125 г. шеќер
20 г. какао
100 г. брашно
1 лажичка прашок за печиво
1,5 лажичка ѓумбир во прав
1 лажичка цимет
1 лажичка екстракт од ванила
малку сол
шеќер во прав
Подготовка: во соодветен сад измешајте ги сувите состојки (исејте): брашно, печиво, какао, цимет, ѓумбир и малку сол.
На пареа заедно истопете ги путерот и чоколадото. Оставете 10. минути да се изладат и додајте го шеќерот, убаво измешајте.
Потоа во чоколадната смеса додајте ги јајцата, едно по едно, убаво измешајте со жица за матење, вмешајте го екстрактот од ванила. На крај малку по малку додајте ги сувите состојки и се’ убаво измешајте.
Смесата ставете ја во фрижидер на најмалку два часа,може и преку ноќ.
Со лажичка (или лажица за сладолед) земајте од смесата, обликувајте во големина на орев, валкајте во шеќер во прав и редете на тава покриена со хартија за печење, на растојание од 3-4 сантиметри.Ставете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 10 – 12 минути.Потоа извадете од рерна и префрлете на кујнска решетка убаво да се изладат.
Ако ги чувате во кутија која добро се затвора можат да стојат и 7 до 10 дена.Секако, ако дотогаш не ги изедете бидејќи колачињата се необични по изглед но многу вкусни.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3. зборови кои ќе го променат текот на вашата врска: Обидете се да го кажувате ова почесто и вашата врска ќе цвета

Три збора што треба да ги кажувате во врската… Еден љубезен збор отвора и железна …