Драган Таневски:„Суштината на твоето постоење е баш тоа – да ја победиш таа проклета секунда на страв“!

Барем еднаш

Барем еднаш во животот
излези од дома без план
оди до продавничката по пиџами
купи ги омилените колачи
и изеди ги сите


Барем еднаш пушти музика до даска
и качи се на маса
а потоа тркалај се по подот
и смеј се до болка
на некоја блесава комедија

качи се на највисокиот рид
и дери се како луд
отвори го прозорот од кола,
извади ја главата надвор
и викни ЗДРАВО НАРОДЕЕЕЕЕЕЕЕ


барем еднаш кога по тебе ќе залае куче,
одговори му со лаење
ама погласно од него
и ако црна мачка ти пресече пат,
пресечи и и ти на неа

а ако најдеш потковица,
фрли ја во река и викни:
од р’ѓосано железо ли ќе чекам среќа бе

ако ти се скрши чаша,
скрши уште една, нека си бидат пар

барем еднаш во животот
дозволи му на дождот да те наврне

и купи го бе еднаш веќе тој саат
што го гледаш во излог секој ден
Барем еднаш во животот
ТИ
биди
ТИ,
ама без кочници

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …