(ВИДЕО) Филмски викенд на МТВ и Телма

МТВ
петок
23:35 „Тимбукту“ – драма, 2014
Содржина: Дејството на филмот се одвива во 2012-2013 година во Тимбукту, мало, зафрлено место, за кое се раскажуваат многу легенди, кога на власт се
верските фундаменталисти. Жителите на местото страдаат, немоќни се пред режимот на теророт што им го наметнуваат џихадистите и им ги контролираат
сите аспекти од животот: забрането им е да слушаат музика, да се смеат, да пушат, да играат фудбал. Жените се движат како сенки, но истовремено достоинствени, а исламистичкиот суд секојдневно изрекува драконски и апсурдни казни. Кидане е жител на ова место, живее мирен живот со своето семејство, и
навидум е поштеден од хаосот што владее во Тимбукту. Но, за кратко време животот му се менува преку ноќ, тој е принуден да се соочи со новите закони на опасните исламисти.
Филмот е номиниран за Оскар во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје и е добитник на многу награди и признанија.
Режија: Абдерахман Сисако.
Улоги: Ибрахим Ахмет, Абел Џафри, Тулу Кики.

сабота

21:35 „Никогаш не е доцна“ – драма,2012
Содржина: Една млада девојка е болна од леукемија. Без оглед на лекувањето што траело 4 години, докторот им соопштува дека е немоќен пред страшната вистина и дека не и’ останува уште многу време. Таа прави листа на работи што треба да ги направи пред да почине, а во остварувањето на плановите и помага најдобрата пријателка.
Режија: Ол Паркер.
Улоги: Дакота Фенинг, Оливија Вилијамс, Каја Скоделарио.

недела
20:15 „Во воздух“- романтична драма, 2007
Содржина: Рајан Бингам е главниот лик во филмот, кој навистина живее во облаци! За живот заработува на тој начин што отпушта вишок на вработени во
компанијата за која работи, во случај кога нивните шефови не умеат тоа да го сторат. Во авион тој поминува 300 дена во годината. Изолацијата не му пречи,
напротив, тој ужива во неа! Рајан е наполно отуѓен од своето семејство и без блиски контакти со луѓето. Негов дом стануваат авионските седишта и аеродромските хотели а вештачките светла, рециклираниот воздух и евтиното суши, топло го потсетуват на неговиот дом. Кога ја запознава Алекс и се зближува со неа, тој започнува да се прашува вреди ли на луѓето да им се даде шанса за да се отпочне со „поприземен живот”?
Филмот е снимен според истоимениот роман на Волтер Кирн и бил номиниран за 6 Оскари,вклучувајќи ја номинацијата за најдобар филм и за режија. Младиот и успешен канадски режисер Џејсон Рајтман успева да не вклучи во дејството на овој исклучителен филм и да го открие вистинското лице на главните ликови, кои всушност се многу осамени и се кријат зад лажната самоувереност. Филмот ја обработува темата на отуѓување меѓу луѓето, но истовремено ги промовира вистинските вредности и клучната улога на семејството, во период на Светската
економска криза.
Режија: Џејсон Рајтман.
Улоги: Џорџ Клуни, Вера Фармига, Ана Кендрик.

ТЕЛМА
петок
22:10 „Исчезнувањето на Еленор Ригби“
Содржина: Приказната за двојка која се обидува да ги врати животот и љубовта што некогаш ги имале и да ги поправат грешките од минатото, кои можеби се непоправливи…
Режија: Нед Бенсон.
Улоги: Џесика Частеин, Нина Ариандач.

 

 

 

 

 

 

недела
22:05 „Волк“ – драма, трилер, 2013
Содржина: Талентиран кикбоксер се бори да им се спротивстави на искушенијата од криминалниот свет.
Режија: Џим Таихуту.
Улоги: Чемседин Амар, Марк Катуоњоч.

 

 

 

 

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …