(ВИДЕО) „Енигмата наречена Петер Хандке“ во кината низ Македонија

Овој документарен филмски портрет бил снимен во период од повеќе од три години, а ја имаше својата премиера на филмскиот фестивал во Локарно во август 2016 година

Документарниот филм „Петер Хандке“ (2016 година), во режија на Корин Белц, го истражува животот и делото на австрискиот писател Питер Хандке во светлината на модерна литература – од млад човек од австриско село кој се пробил на книжевната сцена до неговиот сегашен живот во предградието на Париз.
Преку интервјуа, изјави и архивски снимки, Корина Белц го прикажува животот и мислата на овој познат уметник. Таа успева да создаде емпатичен и инспиративен филм за перцепцијата на реалноста и на начинот на кој таа се претвора во уметничко дело, поставувајќи прашања за тоа како треба да се живее животот.
Овој документарен филмски портрет бил снимен во период од повеќе од три години, а ја имаше својата премиера на филмскиот фестивал во Локарно во август 2016 година. Сценариото за филмот е исто така потпишано од Корина Белц, а во филмот се појавуваат Питер Хандке, Амина Хандке и Леокадија Хандке.
Корина Белц е авторка на многу документарни филмови, сценаристка и авторка на детски книги со потекло од Германија. Таа се прослави со документарниот филм ” Gerhard Richter Painting ” (2011), кој ја доби Германската филмска награда веќе наредната 2012 година.
Домашната публика има можност да го погледне филмот „Петер Хандке“ во кината низ Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Програма на 46. МОТ за 27.11.

27 ноември (сабота) Нема да биде крај на светот / МНТ, Перипетија, САРТР режија: Нина …