УХМР со нова најава за временските прилики: Вечерва дожд и грмежи

Непосредно пред почетокот на есента времето е доста променливо, па лдно, со нглите премини од лето во есен и повторно високи дневни температури.
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 26 Гевгелија, 25 Демир Капија, 24 Струмица, 22 Битола, Прилеп, 21 Виница, Скопје- Зајчев Рид, Штип, 20 Тополчани, Тетово, 18 Берово, Ѓуриште, Крива Паланка, Охрид, 16 Пожаране, 15 Претор, 14 Маврово, 13 Лазарополе.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 17 часот: 3 Прилеп, 2 Пожаране, Тополчани, 1 Маврово, 0 Охрид, Тетово, Лазарополе.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд, а вo планинските подрачја и со ретки грмежи. Дуваше слаб до умерен, а на места и засилен ветер претежно од северозападен правец.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Во ноќните часови ќе има делумно намалување на облачноста и на брзината на ветерот.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно и свежо, со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура од 2 до 12, а максималната од 14 до 23 степени. УВ=5
СКОПЈЕ: Променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура 7, а максималната до 20 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и благ пораст на дневните температури. Нов влажен бран се очекува во понеделник.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Водителка се бори со рак: „Знам дека нема да видам кога моите деца ќе наполнат 18. години“

Водителката Дебора Џејмс боледува од рак на цревата. Неодамна, јавноста беше информирана дека тестовите во …