Американска диета за топење одвишни килограми!?

Диетата се започнува во понеделник. За првите шест дена ќе изгубите околу 5 килограми, секој следен ден ќе бидете полесни за еден килограм. Секое утро ќе имате 1. килограм помалку, а за 24. дена можете да изгубите и до 20. килограми!? Но, се’ зависи што и колку ќе јадете…

Важно е да имате во предвид дека ако во текот на диетата изедете макар и залче леб или каква било друга ситница што содржи јаглехидрати автоматски ќе го прекинете процесот на топење на масните наслаги и ќе ја нарушите диетата. Нема да ги постигнете саканите резултати и ќе мора да ја почнувате од почеток.

Диетата може да се држи колку време сакате, односно додека не ја постигнете саканата тежина. Секако, пред да ја почнете најдобро е да се консултирате со вашиот доктор. За да се избегне можноста да дојде до недостаток на одредени витамини и минерали во организамот се препорачува во текот на диетата да се земаат витамини Ц и Д, како и калциум, магнезиум и цинк.

ДОЗВОЛЕНА ХРАНА
СИТЕ ВИДОВИ МЕСО: јагнешко, пилешко, телешко, јунеко и т.н., подготвено на сите начини освен похувано. Можете да јадете варено, печено месо, скара, сушено месо, колбаси, нарезоци, освен виршли.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пешачење и слабеење: Како со едноставна дневна активност можеме и’ да ослабнеме?

Пешачењето е секојдневна навика чии придобивки повеќето од нас не ги искористуваат во целост. Имено, …