Оваа сабота во Гевгелија: „Статуафест“ – фестивал на живи статуи

Во Гевгелија со почеток во 18 часот, в сабота, ќе се одржи уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“.
„Статуафест“ е уличен уметнички фестивал за живи статуи поддржан од Министерството за култура на РМ како дел од проектот „Нов културен бран“.
Живите статуи се уметност која е застапена речиси во секој дел на Европа и воопшто во светот. Ваквиот вид на уметност е навистина многу специфичен, но исто така и многу малку застапен во нашата земја. За да го доближиме овој вид на уметност до нашите граѓани, решивме да создадеме проект што ќе ја претставува токму живата статуа.
На „Статуафест“ свое учество ќе земат седум изведувачи – живи статуи, двајца актери кои ќе ја изиграат уличната танго – пантомима претстава „Проклетството на Виктор и Викторија“, Марија Бејкова и Дарко Велјиќ и како заокружување на целиот настан со свој диџеј-сет ќе настапи диџеј Чарли.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Документацијата од „Струшки вечери на поезијата“ предадена на Државниот архив

Целокупната документација на Меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата, предадена во Државниот историски архив. …