(ФОТО) Рецепт на денот: Чоколадни гнезда

Ако сакате да изненадите но и воодушевувате подгответе ги овие чоколадни гнезда кои се подготвуваат брзо а имаат посебен вкус.
Состојки:
200 г. шеќер
100 г. чоколадо за готвење
100 г. маргарин
300 г. мелени бисквити
200 г. кокосово брашно
200 мл. вода
150 г. чоколаден крем (еурокрем)
Подготовка: во соодветен сад ставете ги водата и шеќерот, нека се загреваат додека смесата не зоврие. Тргнете го садот на страна и додате ги маргаринот и чоколадото исечени на парчиња. Убаво измешајте, да се истопат па вмешајте ги бисквитите и 100 г. кокосово брашно. Убаво измешајте состојките да се поврзат, па потоа правете гнезда. Направете топчиња, а во средина вдлабнатина. Гнездата валкајте ги во кокосово брашно. Кога убаво ќе се изладат во вдлабнатувањето ставете по една лажичка еурокрем. Префрлете во фрижидер убаво да се изладат до служење.
Напомена: ако не сте љубител на еурокрем не го ставајте бидејќи гнездата се слатки. Но, со еурокремот добиваат посебен вкус и украс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …