(ВИДЕО+ФОТО) Сингапур: Победа за Хамилтон, катастрофа за Ферари

Луис Хамилтон не можеше да посака подобра трка во Сингапур. Британецот победи а неговиот конкурент за титулата, Себастијан Фетел не ја заврши трката

Мерцедес цел викенд заостануваше зад Ред Бул, а по вчерашните кавлификации и зад Ферари, па на Луис Хамилтон му требаше чудо за да стигне до победа.
Британецот токму тоа го доби откако за прв пат трката во Сингапур започна со дожд.


Влажната патека донесе голем инцидент уште во првиот свиок, Фетел се обиде да ја заштити својата позиција и тргна во лево, но не беше свесен дека неговито тимски колега Раиконен имаше одличен старт и се обиде да го помине Верстапен од внатрешната страна.
Младиот Холанѓанец беше во сендвич, немаше многу простор па контактот беше неизбежен. Верстапен и Раиконен трката ја завршија уште во првиот свиок, додека пак Фетел заработи тешко оштетување на болидот и заврши во бариерата веќе во петтиот свиок.


Па Луис Хамилтон иако стартуваше како петти, ја поведе трката а зад него се најде Даниел Рикиардо.
Британецот знаеше како да го искористи подарокот, па со мудро возење стигна до победа и креираше 28 поени предност на врвот во генералниот пласман.

Рикардо, кој беше брз цел викенд, мораше да се задоволи само со втората позиција, а последното место на пиедесталот беше за Ботас.
Со бодови уште завршија, Саинц, Перез, Палмер, Вандорн, Строл, Грожан и Окон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Простување на Надал со тенисот? Мадрид или Ролан Гарос“

Тони Надал, вујкото на Рафаел Надал изјавил дека повеќе не се осмелува да го советува …