(ВИДЕО) Девет месеци, по неговата смрт, нова песна од Џорџ Мајкл

Џорџ Мајкл почина на 25. декември, минатата година, а музичката индустрија се’ уште не може да се опорави по загубата на оваа голема музичка легенда.
Токму затоа многу негови соработници се уште ги преработуваат неговите песни, а една таква соработка се објави денес.
Станува збор за ремикс на песната „Fantasy“ од Нил Роџерс. Џорџ ја испеа оваа песна во 1990.та година. Самиот пејач побарал совет од Нил во врска со оваа песна во 2016. година, која исто така сакал да ја преработи.
Песната беше официјално пуштена  на BBC Radio 2, но пред тоа беше прочитано писмо од неговиот менаџер, Дејвид Остин. Во писмото се зборува за соработката која Џорџ сакал да ја исполни со Нил, но се споменува и ветувањето од неговите сестри.

„Ветуваме дека секогаш ќе се трудиме да му оддаваме почит со вреднување на неговите амбиции и намери“ велат неговите сестри Мелани и Јода, кои ветуваат дека ќе објавуваат нова музика од него.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „ВРАТИ СЕ ВО АНГЛИЈА!“: Британскиот принц ги разгневил Американците!

ПРИНЦОТ Хари оваа недела започнал уште една контроверзност откако го критикувал уставното право на САД …