(ФОТО) Балкански Париз: Oтпатувајте во метрополата во којашто во строгиот центар може да изнајмите стан за само 250 денари по лице!

На AirBnB може да пронајдете стан во центарот на градот за 4 лица за само дваесетина евра по ноќевање, па така, наместо една недела на море, тука за своите пари ќе може да уживате пет пати подолго, а и пивото е евтино!

Деновите кога Букурешт беше познат уште и како Париз на Истокот или Париз на Балканот се веќе далеку зад нас, но тоа секако не значи дека се поминати и славните денови на главниот град на Романија. Метрополата со секој изминат ден се редефинира, спојувајќи ги вешто својата историја и својот модерен идентитет.
На прв поглед архитектурата во овој град може да ви се чини помалку “збунувачка” но всушност се работи за една интересна мешавина од старото и новото. Помеѓу блоковите од зградите изградени за време на комунизмот, може да забележите и по некоја стара црква или градба во стилот на art nouveau.Тука има огромен број и на музеи и паркови, а ние ви донесуваме само дел од
причините зошто посетата на Букурешт претставува еда сосема добра идеја.

Повторно оживеан стар град
Букурешт е место во коешто трговците се состанувале уште од 15-от век па наваму, но најмногу страдал за време на диктатурата на Чаушеску, кога потполно потонал. Денес зградите во стариот дел на градот се обновуваат и добиваат ново руво, а пешачката зона е едно од местата со најдобар ноќен живот во Европа. Книжарите, рестораните, кафулињата и кината пак се дополнителен плус.
Посета на замокот на Дракула
Влад Тепеш е секако еден од најпознатите Романци воопшто, а којшто се споменува и како еден од основачите на Букурешт, а преку некоја од агенциите може да се упатите на еднодневен излет и да го посетите неговиот замок. Покрај замокот Бран, којшто го инспирирал Брам Стокер да ја напише приказната за грофот Дракула, тука е и замокот Пелес, којшто е исто така вреден за посета.

Палатата на парламентот
Втора по ред најголема административна зграда на светот (веднаш после Пентагон), како и најголема зграда во Европа и најтешка зграда на светот – се само некои од фактите коишто се врзуваат за градбата поради која Чаушеску срушил добар дел од Букурешт. Секако, зградата е незамисливо луксузна, но и кичеста, а романскиот диктатор во неа практично и не стигнал ниту најмалку да ужива. Денес во внатрешноста на овој објект се наоѓа парламентот и музејот на
современа уметност.
Црквата Stavropoleos
Изградена во 18-от век од страна на еден грчкиот монас, оваа црква претставува оаза на мирот, тишината и убавината. Фин камен, дрво, романски и византиски елементи, и сето тоа прави да биде апсолутно вредна за посета и воодушевување.
Остатоци од „Париз”
Кога веќе споменавме, овој град некогаш бил познат и како Париз на Истокот. А заслуга за тоа во прв ред има кралот Карло, којшто довел француски архитекти и им дал комплетна слобода во создавањето на градот. Добар дел од тој француски стил подоцна бил “нагрден” со социјалистичката архитектура, но некои делови сепак останале сочувани. Посетете ја и палатата Cantacuzino,
којашто е, најблаго кажано, прекрасна!

Паркови, паркови, паркови…
Букурешт е исполнет со прекрасни паркови, а најстариот е направен кон средината на 19-от век – Cișmigiu Gardens. Втор парк којшто вреди да се спомене е Herăstrău, кадешто се наоѓа и лизгалиште на отворено, но и голем простор за рекреација.
Најдобрата книжарница на светот?
Сместена во внатрешноста на зграда изградена во 19-от век, Cărturești Carusel се смета за една од најчудесните книжари на целата планета. Неверојатниот дизајн тука ќе ве остави без текст, а сите коишто ги сакаат книгите ќе уживаат во многубројните наслови коишто тука може да се пронајдат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како лебот со кисело тесто стана сè популарен?

Лебот претставува главна состојка во исхраната кај децата и возрасните. Во солена или блага варијанта, …