Какво време на очекува викендов?

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе има вредност 6.

Утринската температура ќе се движи од шест до 17., а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од  28. до 34. степени.

loading...

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Температурите ќе се движат од 12.  до 33. степени.

До недела ќе преовладува сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а услови за слаб локален дожд и позначително опаѓање на температурата се очекува од вторник.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОКАЈУВАЊЕ – Меган и Хари се борат да го запрат емитувањето на документарниот филм: Не сакаат светот да слушне што се кажале

Покајание, „пеглање“ работи, придобивки… Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го променат документарецот што …