Андреа Бочели паднал од коњ: Има тешки повреди на главата и колковите

Итната служба смета дека неговите повреди на главата и колковите се сериозни но животот не му е во опасност. Но, италијанскиот тенор на социјалните мрежи ги разубедил фановите дека станува збор за сериозна повреда
„Тоа беше обичен пад од коњ. Ако нема компликации можеби и денес ќе ме пуштат дома“ напишал Андреа Бочели (58) на социјалните мрежи.
Слепиот оперски пејач паднал од коњ додека јавал на својот имот близу Пиза, откако неговиот коњ ненадејно се вознемирил, рекол вработен во итната помош, пренесува агенцијата Анса.
Бочели со хелихоптер бил префрлен во болница во Пиза.
Итната служба смета дека неговите повреди на главата и колковите се сериозни но дека животот не му е во опасност.
Оваа недела славниот тенор има концерт во Пиза на кој со оркестрот диригирал роботот Јуми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што сака некој да ви порача ако ве БАКНЕ во чело? Погледнете каква ПОРАКА носи овој чин!

Бакнежот во чело често изгледа како многу интимен чин, затоа што некој ви кажува дека …