Кога станува збор за врските факт е дека славните личности не се најдобар пример.Сепак, ги има и оние кои докажуваат дека секое правило има исклучоци и дека вистинската љубов е остварлива и кога сте во постојан фокус на медиумите.
Барбара Стрејсенд и Џејмс Бролин во брак се 19. години. Барбара имала повеќе од 50. години кога го запознала Џејмс, а верува дека добрината и искреноста се столбови на среќен брак.
Дека зад секој успешен маж стои жена најдобро илустрира врската на Барак и Мишел Обама кои во брак се 25. години. Мишел смета дека бракот е како полно работно време и дека е најбитно паровите заедно да се смеат, забавуваат и никогаш да не одат во кревет лути.
Мерил Стрип и Дон Гумар во брак се 39. години,а славната глумица верува дека најважна работа во бракот е разговорот со партнерот и дискусијата за се, па и за најмали проблеми.
Глумецот и продуцент Колин Фирт веќе две децении е во брак со Ливиа Гиуголи. Прашан со другите да ја подели тајната на долг и среќен брак, рекол дека бракот е како долга патека за трчање кој не можете да ја напуштите. Во склад со тоа, Колин и Ливиа се трудат да минат што повеќе време заедно и да ги прилагодат своите распореди еден на друг.
Гиселе Бундцхен и Том Брејди во брак се осум години и имаат класична приказна – светски познатата манекенка и успешен спортист. Парот има две деца и зад нив се доста тешки периоди, а Гиселе смета дека најважна и е поддршката на сопругот.