(ФОТО) Искрени критики на патниците: Венеција е чиста измама, Дубаи нема душа, а Каиро е преполн со безобразни луѓе…

Корисниците на Reddit одлучиле со читателите да ги споделат местата и градовите во коишто никако не се чувствувале добро, ниту пак стекнале моменти на коишто вечно ќе се присетуваат, во позитивна смисла.
Токму некои од најголемите метрополи за нив претставувале огромно разочарување, а тука би ги издвоиле дури и Париз и Венеција, коишто иако делуваат провокативно како дестинација, за голем број на туристи претставуваат чиста измама.
За главниот град на Франција лавината од коментари главно се однесува на едно исто нешто. Туристите најмногу и замеруваат на скапотијата, па често може да се чуе замерка дека се работи за градови коишто најмногу служат како еден вид на “мамка за туристи”.

Еден човек за Венеција дури и искоментирал дека заедно со својот пријател за ручек во Венеција платил повеќе од траектот и патот до друг остров заедно со ручек на островот. Токму затоа и тој заклучува дека Венеција претставува најголема туристичка мамка.

Во контекст на скапотијата често се споменува и Куала Лумпур. За престолнината на Египет пак, Каиро, критиките главно се однесуваат на однесувањето на тамошните жители.
„Градот е нечист, а луѓето крајно безобразни“, може да се прочита како коментар на Reddit, додека друг корисник искоментирал дека таксистите дури не сакаат ниту да го вклучат таксиметарот кога ќе забележат дека се работи за туристи.

Градот којшто во последниве неколку години прерасна во исклучително популарна дестинација секако е Дубаи. Сепак, некои коишто имале прилика да го посетат, зажалиле.
„Без лутење, Дубаи е сепак град без душа, култура и е потполно вештачки. При последната посета ми се чинеше дека ќе полудев ако токму тука поминев уште барем еден ден повеќе, напишал еден од Reddit корисниците.

На удар на критиките на корисниците се најдоа и уште неколку главни градови како Аделаида, за којшто велат дека е неверојатно досаден град, Кувајт, за којшто пак тврдат дека не нуди ништо интересно за да се види, како и Манила, за којашто ве советуваат во секој случај да ја заобиколите, за разлика од сите останати места на Филипините.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …