(ВИДЕО+ФОТО) Големиот Надал: Фуриозна победа против Андерсон за 16. титула на Грен слем

Шпанскиот тенисер во финалето на УС Опен ја оправда улогата на фаворит и убедливо во три сета го совлада Кевин Андерсон, (6:3, 6:3, 6:4).


„Тоа беа две посебни недели за мене. Но, пред да почнам да зборувам за себе сакам да му честитам на Кевин. Тој е прекрасен пример за децата и останатите од АТП турот дека е можно да се вратите во најдобро издание“ рекол Рафаел Надал после новата Грен слем титула.

Кевин Андерсон не пружил сериозен отпор во финалето, но после поразот не бил премногу разочаран.
„Рафа е еден од најголемите амбасадори на нашиот спорт, му честитам. За мене ова беа две неверојанти недели. Дојдов до своето прво Грен слем финале и тоа е посебна работа за мене. Многу позитивни работи ми се случија ова лето. Многу емоции. Навистина сум задоволен како се’ испадна“ рекол Андерсон.
Надал ја зголемил предноста на челото на АТП листата и сега е голем фаворит и’ 2017. година да ја заврши на првото место.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …