(ФОТО) Кејти Холмс процвета и изгледа подобро од кога и да е:Четири стајлинзи во еден ден!

Можеби причината за нејзините прекрасни модни изданија е токму актерот Џејми
Фокс, со кој 38.годишната актерка од неодамна е во јавна љубовна врска…
Актерката Кејти Холмс покажала дека е вистинска модна камелеонка. Убавата и „новопечена“ партнерка на Џејми Фокс во неделата заблескала во дури четири стајлинзи.
Кејти Холмс ретко ја гледаме во јавноста, а кога папараците ќе ја забележат надвор од својот дом, таа е секогаш облечена во кежуал комбинации како тренерки или фармерки и маичка. Но, ѕвездата на “Dawson’s Creek” во последно време се труди да го подобри својот имиџ и стил.
Можеби причината за нејзините прекрасни модни изданија е токму актерот Џејми Фокс, со кој 38.годишната актерка од неодамна е во јавна љубовна врска. Парот е забележан како се држи за раце во Малибу и уживаат во романтична прошетка покрај плажата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најдобрите пози во сексот за студените зимски ноќи

Кога ќе дојдат студените зимски денови, навистина нема ништо попријатно од свиткување во прегратките на …