Седум дена јадел само зеленчук, а му се случиле овие 4.важни работи

Еден корисник на интернет одлучил седум дена да јаде само зеленчук, за да се увери дека во тој период и со различен режим на исхрана може да дојде до одредени промени
На неговата трпеза, порано, секогаш имало месо, особено пилешко.
Но, се одлучил седум дена да јаде само зеленчук, за да се увери дека во тој период и со различен режим на исхрана може да дојде до одредени промени.
Околу вегетријнството веќе долго време „се кршат копја“ па додека некои велат дека таквата исхрана има предности и го намалува ризикот од дијабетес,
кардиоваскуларни болести, мозочен удар и дебелина, други пак тврдат дека месото во умерено количество е многу важно за нашето здравје бидејќи од него го добиваме тоа што не можеме од зеленчукот.
Умереноста е клуч за се, но ги пренесуваме искуствата на протагонистот на нашата денешна приказна, после седум дена без омилениот продукт.
1. Храната станува напорна работа
Се мачев да пронајдам вкусни начини со кои ќе го заменам месото па храната стана напорна работа. Најголем проблем беа излегувањата, кога бев окружен со месо и луѓе, кои го јадеа. Но, веќе после неколку дена беше полесно, бидејќи
организмот се навикнува на се.
2. Престанав да се прејадувам
Мојот главен проблем беше тоа што во текот на денот се хранев здраво а потоа навечер ќе изедев се што ќе ми дојдеше под рака, поради што бев надуен и летаргичен. Кога го исфрлив месото мислев дека вегетаријаснката храна нема да ми биде доволна, но се изненадив. Јадев додека не бидам сит и немв никаква желба потоа нешто да изедам.
3. Стомакот ми стана рамен
Ова беше единствена физичка реакција која ја забележав на моето тело после седум дена. Имав повеќе енергија, стомакот ми стана порамен, се чувствував полесно, бидејќи не бев надуен, како што бев кога имав оброк со месо.
4. Мојот поглед на месото се промени
За само седум дена станав посвесен, кога станува збор за храната која ја внесувам во организмот. Со исфрлување на месото почнав повеќе да се прашувам за состојките кои ги внесувам во моето тело па така несвесно почнав да се хранам поздраво.Исто така, открив бројни други продукти на кои ниту не помислував, кога месото беше во чинијата. Дефинитивно почнав подобро да го разбирам своето тело.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …