Стивенс и Киз во првото Грен слем финале

Американските тенисерки Слоун Стивенс и Медисон Киз прв пат во кариерата се пласирале во финале на некој Грен слем турнир.
24. годишната Стивенс во одличен полуфинален дуел ја совладала легендарната Венус Вилијамс со 6:1, 0:6, 7:5,додека две години помладата Киз ја декласирала Коко Вандевеј со 6:1, 6:2.
Стивенс, моментално 83. тенисерка на светот до пред два месеци ја немало никаде, но после потполното опоравување од повредата се вратила во голем стил и потврила дека е играчица за големи дела.

Во другиот полуфинален дуел, Медисон Киз за само 68. минути обезбедила пласман во финалето. Во двата сета по два пати одземала сервис на сонародничката и го остварила најголемиот успех во кариерата.
Претходно играла полуфинале на Аустралиан Опен во 2015. година, додека оваа година најдобар резултат остварила на Ролан Гарос и Вимблдон со пласман во второто коло.

Финалистките на УС Опен играле еден меѓусебен меч во 2015. година во второто коло на турнирот во Мајами и Стивенс славела со 6:4, 6:2.
Финалето во женска конкуренција на УС Опен на програмата на Еуроспорт е вечерва во 22. часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тужба за СЗО: „Ми ја уништувате работата. Размислете …“

Сибирскиот претприемач ја има несреќата што неговата компанија се вика Омикрон и се занимава со …