Кевин Андерсон ќе игра во финалето на УС Опен

Пред почетокот на УС Опен тешко дека било кој би помислил дека е можен ваков наслов, но 31. годишниот јужноафриканец Кевин Андерсон по прв пат во кариерата ќе заигра во финале на еден Грен слем.
Тој во полуфиналето, после два часа и 57 минути го совлада Пабло Карењо Буста со резултат од 3:1.
Андерсон го згубил првиот сет со 6:4, но потоа ги добил наредните три со 7:6, 6:3,6:4 и се пласирал во финалето на УС Опен.
Интересен е и податокот дека со висина од 203 сантиметри Андерсон станал највисок учесник на некое Грен сем финале.
Неговата доминација во висина била очигледна во дуелот со Буста, бидејќи го искористил своето најјако оружје -сервисот.
Отсервирал вкупно 23 асови. На целиот турнир ја надминал бројката од 100. асови.
Тој моментално е 32. тенисер во светот и ќе биде најслабо рангиран финалист на УС Опен уште до 1973. година. Пласманот во финале ќе му донесе напредок од 15. места, а со евентуално освојување на слемот ќе влезе во топ 10 на АТП.
И’ Шпанецот одиграл турнир на кариерата, откако до полуфиналето стасал без загубен сет.
Андерсон за титулата ќе игра со врсникот, Рафаел Надал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …